Colief капки за бебета, намалява часовете плач

Дигестивен систем кај доенчето

Normal 0 false false false MicrosoftInternetExplorer4

Дигестивниот систем претставува збир од органи кои учествуваат во транспорт и механичкото дробење на храната, нејзиното движење, хемиско разградување ,апсорпција на хранливите состојки и исфрлање на неискористените остатоци во вид на фекални маси.

Органите на дигестивниот систем на бебето се прилагодени за обработка претежно на мајчиното млеко. Мајчиното млеко содржи моно-, ди-и олигосахариди. Исто така и гликопротеини и гликофосфолипиди. Од јагленохидратите преовладува лактоза - 90% со просечна концентрација помеѓу 6 и 7 g/100 ml.За време на лактацијата концентрацијата на лактоза се зголемува, а олигосахаридите прогресивно се намалуваат,се додека не достигнат стабилни нивоа.  Јаглехидратите се незаменливи за доенчињата како извор на енергија. Нискатa содржина на јаглени хидрати може да доведе до промени во метаболизмот и хипогликимија, и може да предизвика преоптоварување на метаболизмот на белковини и масти во организмот на доенчињата. Со почетокот на второто полугодие тие постепено се привикнуваат кон друга храна. Желудникот на детето има релативно слабо развиен мускулен слој, недоразвиено дно и широк влез, заради што се забележува често повраќање кај доенчињата. Во првите месеци од животот желудникот на детето се наоѓа речиси хоризонтално, а кога ќе почне детето да се исправува и да поминува повеќе време во оваа положба,желудникот постепено завзема повеќе вертикална положба. При правилнa природна исхрана желудникот на  здравото дете се исправува за околу 2 - 3 часа. Заради слабо развиениот мускулен слој на цревата кај доенчето и недоволно еластични влакна,често доаѓа до нарушување на нивната функција. Најчесто се јавуваат запек и метеоризам.

Дигестивниот систем на бебињата не е целосно развиен и несомнено постојат незрели функции, кои се причина за малапсорпција. Кај децата родени предвремено, созревањето и активноста на тенкоцревните ентероцити во однос на реапсорпција на лактозата може да не е целосно и доаѓа до непотполно разградување на истата. Тоа доведува идо малапсорпција на минерали и на калциум. Ензимот одговорен за разградување на лактоза, ја зголемува својата активност кон третиот триместар на бременоста, достигнувајќи 5 пати поголема концентрација. Затоа, предвремено родените деца имаат помала способност за апсорпција на лактоза во споредба со деца родени во термин. Кај децата родени во термин, е утврдено дека малапсорпцијата провладува со 25% кај доенчињата, хранети со мајчино млеко и 31% кај доенчињата, хранети со адаптирани млека кои содржат лактоза како единствен јаглехидрат.

Во периодот на новороденче се јавува т.н. колика абдоминалис која се појавува обично во втората недела по раѓањето и трае неколку недели. Болките се јавуваат нагло и се придружени со силен долготраен плач со собирање  и триење на ножињата. Грчевите се повторуваат неколку пати во текот на денот, а обично се засилуваат  приквечер.  Болките се намалуваат по испуштање на гасови.

Да научиме повеќе за дигестивниот систем на човекот

Системот се состои од шупливи (торбести) органи, кои го прават дигестивниот канал, и од цврсти органи, претставени со дигестивните жлезди. Дигестивниот канал започнува со влезнен отвор - усната шуплина и завршува со излезен отвор - анусот. По својата должина тој се проширува на одредени места, а на други се стеснува. Неговите анатомски делови, поврзани со одредена функција се: :

  • усна шуплина - cavum oris - голтник - pharinx - хранопровод - esophagus
  • желудник - gаster
  • тенко црево - intestinum tenue
  • дебело црево - intestinum crassum
Уста

Со помош на забите храната ја дробиме и мелеме се додека не се претвори во каша. Плунката помага во варењето и ја прави храната полесна за голтање. Во текот на целиот живот човекот произведува околу 10 000 литри плунка.

Голтник

Голтникот се наоѓа во пределот на вратот. Горниот дел служи само за пренос на воздух, во средината се сечат патот на храната и патот на воздухот, а во долниот дел поминува само храната. Просечната должина му е 12-15см.

Хранопровод

Голтникот преминува во хранопроводот без јасно изразена граница. Хранопроводот е тесна цевка, долга 22-25см, која заедно со трахеата навлегува во градниот кош, поминува низ дијафрагмата и завршува во желудникот. Лигавицата е изградена од многуслоен плочест епител. Откако залакот ќе дојде во горниот дел на хранопроводот, неговите мускулите се контрахираат и ја туркаат во желудникот. Цврстата храна поминува за 6-8 сек., а течностите за 1-2 сек.

Желудник

Желудникот е торбесто проширување на дигестивниот канал, во кое се собира храната и вари под дејството на желудочниот сок и во вид на каша поминува во тенкото црево. Желудникот по форма личи на круша, лоциран е под левата страна на дијафрагмата. Формата му се менува во зависност од положбата на телото, возраста, полот,и количината на присутна храна. Волуменот на желудникот кај возрасен човек е околу 3 литри. Отворот на хранопроводот во желудникот се нарекува кардија, средниот дел - тело, а спротивниот крај на кардијата, каде е врската со дванаестпалачното црево се нарекува пилорис. На крајот на пилорниот дел има прстовиден мазен мускул, кој формира сфинктер / стегач /. Контрахирањето и релаксирањето на пилорниот сфинктер и перисталтичките движења на желудникот го регулираат излегувањето на храната од желудникот. Перисталтичките бранови се јавуваат заради периодична контракција и релаксација на мускулите на дигестивниот пат, при што содржината се движи во правец на анусот. Ѕидовите на желудникот по градба се слични како и останатите делови на дигестивниот канал. Карактеристична е силната мускулатура, составена од три слоја. Слузницата е набрана и содржи голем број на жлезди, кои создаваат желудочен сок. Желудочните жлезди произведуваат солна киселина, ензими и слуз, кои влегуваат во составот на желудочниот сок. Интересно е дека солната киселина не го оштетува ткивото на желудникот. Утврдено е дека внатрешниот слој на слузницата се состои од клетки отпорни на киселината. Покрај тоа има клетки кои произведуваат слуз, која го штити желудочниот ѕид од дејството на солната киселина. Од хранопроводот храната постепено навлегува во желудникот. Наполнетиот желудник создава чувство на ситост.  Храната се задржува во желудникот од 2 до 6 часа во зависност од нејзините физички квалитети и хемиски состав. Најмалку се задржуваат течностите, а најдолго храната богата со маснотии. Кога залакот ќе дојде во желудникот, во неа постепено продира стомачениот сок. Под влијанието на ензимот пепсин започнува разградувањето на белковините - прво до ниско молекуларни соединенија / пептиди /, а потоа до аминокиселини. Пепсинот се излачува во неактивен форма. Неговото активирање зависи од солната киселина. Освен тоа, солната киселина обезбедува разложување на белковините од свежото млеко, со што се олеснува дејството на ензимите. Таа има и бактерицидно дејство и го штити желудникот од инфекции. Желудечната секреција е подложна на нервна и хуморална регулација. Таа започнува неколку минути по влезот на храната во усната шуплина, и продолжува неколку часа, што зависи од физичките и химиските својства на храната.

Градба и функции на цревата

Од желудникот храната во форма на каша постепено се движи кон цревата.Здравиот пилоричен сфинктер / на излезот од желудникот/ се отвара само кога до него ќе дојде силен перисталтички бран од желудникот. При нормална дигестија, содржината на желудникот никогаш не поминува наеднаш во цревата. Цревата се составени од два дела – тенко и дебело црево.

Тенкото црево завзема поголем дел од стомачната празнина. Должината кај возрасен човек изнесува од 5 до 7 метри. Почетниот дел на тенкото црево се нарекува дванаесетпалачно црево. Тоa има форма на потковица / или 12 попречни прста / и достигнува должина од околу 30 см. Во дванаесетпалачното црево се влева големиот изводен канал на жолчното ќесе како и каналот на панкреасот. Во дванаесетпалачното црево храната е подложна на дејството на панкреасниот сок,жолчката и ензимите на тенкото црево. Движењата на цревната мускулатура овозможуваат мешање на храната со дигестивните сокови,ја олеснуваат апсорпцијата и ја придвижуваат кон дебелото црево. Лигавицата на тенкото црево се состои од кружно распоредени бразди. Во неа се сместени жлезди кои лачат сок / 2-3 литри за 24 часа /, богат со ензими со алкален карактер. Целата мукоза е покриена со бројни влакненца кои значително ја зголемуваат нејзината површина / околу 10 пати / и го олеснуваат вшмукувањето на хранливите материи. На 1 см се наоѓаат 3000 - 4000 влакненца. Тенкото црево врши два вида на движења: перисталтички - за движење на храната, и махови за мешање со цревниот сок.

Дебелото црево е продолжение на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри. Започнува со слепо црево, на долниот крај на кое се наоѓа црвовиден израсток наречен апендикс. Тој е долг 8-10 см. Во некои случаи се воспалува и предизвикува  апендицитис. Дебелото црево преминува во право црево, кое завршува со анусот.

Задстомачната жлеза /панкреасот/ е сместена зад желудникот во кривината на дванаесетпалачното црево. Таа лачи сок кој што е богат со многу ензими. Панкреасниот сок содржи и натриум бикарбонат, кој ја неутрализира солната киселина што доаѓа со желудочната содржина и обезбедува алкална средина за дејство на ензимите.

Ензимот пепсин ги разградува белковините до аминокиселини.

Храносмилателна система на бебето и колики

Мастите се разградуваат под дејство на ензимот липаза до глицерол и масни киселини.

Жолчката ја создаваат клетките на црниот дроб. Црниот дроб е најголема жлезда во човековиот организам. Сместен е под десниот ребрен лак, под дијафрагмата и тежи около 1500g. Тој е богато снабден со крвни садови. Една од неговите основни функции,поврзано со варењето на храната, е создавање на жолчниот сок. Жолчката ја активира липазата и ги емулгира мастите. На тој начин нивната површина се зголемува и се овозможува нивното разградување.

Од дванаесетпалачното црево храната доаѓа во останатиот дел на тенкото црево каде е под дејство на цревниот сок. Тој содржи комплекс од ензими, кои ги разградуваат протеините, мастите и јаглените хидрати до нивните основни составни елементи и ги подготвуваат за ресорпција. Промените на хранливите материи во дигестивниот систем се првата фаза од размената на материите и енергијата.

Така распаднатите хранливи материи доаѓаат во допир со слузницата на тенкото црево, каде што преку цревните влакненца се врши ресорпција и нивен транспорт во крвта.

Ресорпцијата се одвива главно преку слузницата на тенкото црево. Супстанциите кои не се ресорбирани, поминуваат во дебелото црево. Тука доаѓа до згуснување на цревната содржина поради реапсорпција на водата, како и поради бактериското разградување на некои супстанци кои тешко се дигестираат / целулоза и др. /. Бактериите имаат големо значење во создавање и ресорпција на некои витамини. По подолго лекување со антибиотици цревната флора се уништува и тоа доведува до нарушувања на работата на дебелото црево. Дебелото црево врши од време на време движења кои ја буткаат содржината кон правото црево, каде што се собира и периодично се исфрла надвор. Движењата на цревата и секрецијата на дигестивните сокови се регулира по нервен и хуморален пат. Перисталтичките движења се зголемуваат при механичка иритација предизвикана од храната. Под влијание на киселата содржина од желудникот, во слузницата на дванаесетпалачното црево се ослободуваат хормонски материи кои го поттикнуваат ослободувањето на панкреасниот сок богат со ензими, натриум бикарбонат и жолчка од црниот дроб.  Количеството и составот на дигестивните сокови зависи од видот и квалитетот на храната. Зеленчукот, овошјето, црниот леб и други предизвикуваат посилна иритација на цревата и посилна перисталтика.

Правилната исхрана обезбедува нормален раст, работоспособнос, отпорност кон болести, хармоничен физички развој и т.н. Затоа количината на внесена храна и односот на материите и витамините кои се присутни во неа треба да одговараат на возраста и физиолошката состојба на организмот.






Copyright © 2007-2011 CROSSCARE LIMITED