Colief капки за бебета, намалява часовете плач

Причини за коликите

Причина за КОЛИКИТЕ кај доенчињата е создавање на поголема количина гас во цревата од нормално,што се манифестира со подуеност на стомачето,кркори, флатуленција.

Цревните гасови се резултат на проголтаниот воздух или се создаваат во цревата,што претставува нормална појава при секој дигестивен процес.

Основен извор на гасови е дебелото црево, каде што бактериите имаат на располагање повеќе супстрати за т.н. секундарна ферментација.

Кај бебињата до 3-4 месечна возраст, нецелосното апсорбирање на лактозата има најголем удел во создавањето на гасови.

Причината за коликите

Основна храна на бебињат е млекото, основен јаглехидрат во млекото е лактозата (млечен шеќер). Лактозата е неопходна,бидејќи е основен извор на енергија кај бебињата. За целосна апсорпција на лактазата потребен е ензим лактоза.

Лактоза, која е главниот јаглехидрат во мајчиното млеко и повеќето прилагодени млека е сложен шеќер кој се состои од два компоненти, галактоза и гликоза. Тенкото црево на новороденто е целосно развиено за да овозможи целосно искористување на лактозата непосредно по раѓањето. До 3-4 месечна возраст, бебето се храни само со млеко, што значи дека внесува големи количини лактоза. Во овој период од неговиот развиток се појавуваат и првите проблеми со нејзиното искористување. Тие се истовремено резултат на нејзиното поголемо количество во храната на бебињата и се уште недоразвиениот дигестивен систем.

Во овој период се појавува и т.н.. физиолошка привремена неподносливост на лактоза. Накусо, неподносливоста на лактоза е неспособност на организмот да синтетизира лактаза. Телото прозиведува ензим лактаза, кој ја разградува лактоза до гликоза и галактоза, за да може да се ресорбира. Недостатокот на лактаза може да доведе до постојано плачење.

ШТО Е ТОА НЕПОДНОСЛИВОСТ НА ЛАКТОЗА?

Тенкото црево произведува цревен сок. Тој содржи ензими кои го довршуваатт разградувањето на јагленохидратите, протеините и липидите. Во овие ензими спаѓа и ЛАКТАЗАТА.

Неподносливост на лактоза е неможност на телото да го асимилира млечниот шеќер - лактоза. Ова се јавува како последица на недостаток на ензимот лактаза во цревната слузница, кој е неопходен за да се распадне лактозата до моносахаридите гликоза и галактоза.

Непоносимостта към лактозата е невъзможността на тялото да асимилира млечната захар - лактоза

Неподносливост на лактозата кај бебињата е привремена и целосно нормална фаза од нивниот развој, за тоа и таа се нарекува физиолошка. Нејзината појава се должи на големото количество млечен шеќер внесен со храната и несовршеноста на дигестивниот систем на бебињата

Во тенкото црево се одвива 70% од дигестивниот процес кај луѓето. Така е и кај бебињата. Внесеното млеко, мајчино или адаптирано, треба да се разгради во над 70% токму таму. Тоа треба да го направи ензимот лактаза кој ја раградува лактозата и ја прави лесна за ресорпција. Големото количество внесена лактоза, го отежнува неговото производство во организмот и големо количество непреработена лактоза доаѓа во дебелото црево.

Дебелото црево е широка цевка која ги прима отпадните материи од тенкото црево.

Неразградената лактоза предизвикува наплив на флуиди (осмоза) во дебелото црево.

Таму таа е изложена на нападот на бактериите, кои се дел од микрофлората на дебелото црево, при што доаѓа до т.н. секундарна ферментација. Резултат од оваа ферментација се млечна киселина, водород и јаглерод диоксид.

Овие деривати произведени под дејство на бактериите доведуваат до надуеност на дебелото црево, дилатација на ѕидот, гасови, болка => КОЛИКИ.

Привремениот лактозен недостаток е важен фактор кај бебињата со колики. Ова е како последица на фактот дека бебето се уште не произведува доволно количество од ензимот лактаза.

Додавањето на лактаза во млекото на бебето ја разградува лактозата и бебето може да се храни без тешкотии.

Коликите се нормален физиолошки феномен кај здравите бебиња во првите месеци од животот. Коликите се резултат на значителното растегање на цревата од гасовите, формирани со млечна ферментација на мајчиното млеко. По раѓањето дигестивниот систем на бебето е погоден само за обработка на  мајчиното млеко. Мајчиното млеко содржи моно-, ди-и олигосахариди, гликопротеини и гликофосфолипиди. Од јагленохидратите преовладува лактозата (90%). Сите прилагодени млека имаат сличен состав, максимално се доближуваат до мајчиното млеко. Јаглехидратите се оние кои му даваат енергија на бебето во првите месеци од неговиот живот. Ниската содржина на јаглени хидрати може да доведе до нарушување на нивната размена и преоптоварување на метаболизмот на белковини и масти во организмот на доенчињата. Како и кај сите живи суштества, така и кај бебињата, откако ќе почнат со исхрана ќе има и проблеми со варењето. Кај бебињата тие се поврзани со неподносливост на лактоза. Оваа неподносливост е привремена и се должи на големото количество лактоза внесено со секој оброк. До 4 месеци бебињата се хранат само со млеко. Лактозата е главниот јаглехидрат во мајчиното млеко и повеќето прилагодени млека. Тенките црева на бебето не се целосно развиени за да ја разградат лактозата. Неподносливост на лактоза е неспособност на организмот да ја преработи лактозата, а тоа се случува со помош на лактаза, ензим кој ја разградува лактозата до гликоза и галактоза, за да може да биде целосно ресорбирана.

 Овој ензим се произведува во тенкото црево. Недостатокот на лактаза може да доведе до проблеми, болка и постојано плачење. Истражувањата на Бар, 1984; Милер, 1990, Малин и Бар, 1991; Левит 1996 имаат еден основен заклучок - ферментацијата на неразградените  јаглехидрати води до создавање на гасови како јаглерод диоксид и водород, кои се причина за појава на спазматична болка кај бебињата

Кај бебињата до 4 месечна возраст недоволната разградба на јаглехидратите се нарекува физиолошки привремен лактазен дефицит. Ова е неспособност на организмот да го асимилира млечниот шеќер на прости шеќери (гликоза и галактоза) поради малото количество на ензимот лактаза. Неподносливоста на лактоза кај бебињата е привремена, таа се должи на : несовршениот дигестивен систем кој ја обработува само лактозата, како основна состојка на мајчиното млеко и адаптираните млека.

Резултат: Неразградената лактоза доаѓа во дебелото црево, каде што под дејството на бактериите се создава мелечна киселина, јаглерод диоксид и водород. При тоа гасовите се заробени во форма на меурчиња и се создава пенеста материја, која "е заглавена" во цревата, па гасовите ниту можат да се исфрлат ниту да се ресорбираат. Цревната ѕид се растегнува што предизвикува БОЛКИ = КОЛИКИ.

Кога процесот е избалансиран, односно храната (лактозата) е целосно ресорбирана, гасовите навистина се одделуваат од обработената течност, но во многу мали количини, а потоа дел се исфрлаат надвор, дел се апсорбираат преку ѕидовите на цревата. Со тоа што не се дозволува задржување на непреработената храна во дебелото црево, не само што се отстранува причината за појава на колики, туку и на еден друг проблем кој доста често се среќава, а тоа е запек!

До сега сите напори беа насочени кон справување со вишокот гасови како конкретна причина за коликите кај бебињата. Со новиот пристап кон коликите напорите се насочени кон справување со првичната причина за појава на бебешките колики, а тоа е ПРИВРЕМЕНИОТ ЛАКТАЗЕН ДЕФИЦИТ, состојба при која неразградената и нересорбирана лактоза се деградира од страна на активноста на бактериите во дебелото црево ослободувајќи млечна киселина  и водород, кои што предизвикуваат подуеност, гасови и болка - КОЛИКИ.

Кај поголеми деца, неподносливосат на лактоза се појавува при појава на гастроинтестиналниот цревни вирусни или бактериски инфекции, придружени со акутна дијареа или повраќање. Тогаш се нарушува функцијата на тенкото црево и за да се воспостави повторно нормална функција, производство на ензими во нормални количини, потребен е период од 3-4 недели. Toгаш може да се забележат симптоми како резултат на недостаток на лактаза. Лактазата е еден од најчувствителните ензими и затоа лесно се инхибира. Неговото нормално ниво се стабилизира бавно, во многу случаи долго по подобрување на состојбата. Може да се забележи дека при секое нарушување или повраќање, како и во периодот потоа, внесот на млечни производи е ограничен!

Неподносливост на лактоза има и кај возрасни, но тогаш се работи за сериозно пореметување во создавањето на ензимот во организмот и потребни се посебни испитувања, специјална диета и лекување.






Copyright © 2007-2011 CROSSCARE LIMITED